Шок: Фудбалер на Челзи после натпреварот со Вест Хем заврши во затвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Челзи, Дени Дринквотер бил уапсен откако предизвикал сообраќајна несреќа во алкохолизирана состојба.

Овој 29-годишен фудбалер бил на забава, а потоа тргнал кон својот дом, но притоа направил сообраќајка кога неговиот Рејнџ Ровер удрил во Шкода.

„Дваесет и деветгодишник од Нетер Одерли е обвинет поради возење под влијанието алкохол и предизвикување сообраќајна несреќа во Чешир. Дени Дринквотер од Билингтон Лејн е уапсен половина час по полноќ во понеделникот по судар во Ешли Роуд. Пуштен е со кауција и треба да се појави пред судија во Стокпорт на 13-ти мај“, се наведува во соопштението на полицијата од Чешир.

Дринквотер дојде во Челзи од Лестер Сити во 2017 година и одигра 12 натпреваеи во Премиер лигата за лондонскиот тим, додека за англиската репрезентација има одиграно три меча.

Еден сведок ги открил сите детали од несреќата.

„Дени се забавува како луд во последно време, но се надеваме дека ова ќе го натера да се смири малку“, вели сведокот.