Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Главна тема денес на Апенините е Џанлуиџи Буфон кој на пресконференција официјално објави дека го напушта Јувентус после цели 17 години.
Иако сите очекуваа дека 40-годишниот голман ќе објави крај на кариерата, сепак Буфон ги шокира сите со изјавата дека ќе продолжи да игра и дека има многу понуди.
„Во сабота го играм мојот последен натпревар за Јувентус, тука е крајот на мојата авантура. Кога пристигнав во 2001 година, Јувентус доби голем талент, а ако станав шампион тоа е само благодарение на клубот. Менталитетот на овој клуб и филозофијата која ја стекнав тука ќе бидат мој пат кој ќе го следам и во иднина. Тоа е единствениот начин да стигнете до резултати“, изјави Буфон.
„До пред 15 дена бев сигурен дека овде е крајот и дека ќе одам во пензија, но сега не мислам така. Пристигнаа многу понуди и во следните денови ќе одлучам што е најдобро за мене. Сигурно е дека нема да играм во Италија или во клуб кој нема големи амбиции, бидејќи јас сакам да се натпреварувам на највисоко ниво“, додаде Џиџи.