Шминка и свинска крв: Бабченко е жив – еве како беше лажирано неговото убиство


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако во вторникот украинските власти објавија дека анти-руски настроениот новинар од Русија, Аркадиј Бабченко, е убиен во Киев, а руските власти реагираа дека немаат никаква врска со тоа, испадна дека сето тоа било сценарио како за филм режирано од страна на безбедносните украински служби и самиот Бабченко.

Рускиот новинар, Аркадиј Бабченко изнесе детали за тоа како било исценирано неговото убиство во Киев, наведувајќи дека користел свинска крв и шминка.

Бабченко изјави дека бил одвезен со амбулантно возило во мртовечница од местото на убиството, каде се преслекол и започнал да гледа вести.

Тој на прес-конференција рече дека можел да каже „не“ кога пред околу еден месец, украинските власти добиле идеја да го исценираат неговото убиство, но сепак, се согласил поради сопствените убедувања.

Бабченко е остар критичар на политиката на Кремљ, за кого украинската полиција во вторникот соопшти дека бил убиен. Тој во средата се појави жив и здрав на прес-конференција за медиумите во Киев, со шефот на Службата за безбедност на Украина, која објави дека ја лажирала неговата смрт за да ги фати оние кои планирале негово убиство.

Киев во вторникот објави дека Бабченко бил убиен недалеку од неговиот стан и за неговата смрт веднаш ја обвини Русија, но од Кремљ порачаа дека смртта сигурно е последица на небезбедното опкружување во кое работат новинарите во Украина.

Руското министерство за надворшени работи соопшти дека лажната приказна за убиството на Бабченко е уште една анти-руска провокација, зад која стои украинската служба за безбедност.