Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Северна Америка е окована во снег и мраз, што неминовно создава големи и бројни проблеми во сообраќајот. Таков е и случајот со шлеперот од видеото подолу, кој во Рали, Северна Каролина, заглави на една заснежена угорнина на само три километри од својата крајна одредница.
На помош на габаритното товарно возило му појде Кајл Конер со Model X од производителот Tesla.
Дури и без товар, шлеперот со приколица е прилично потежок од 2,2 тона, колку што е декларираната маса која Model X смее да ја влече, но тоа не го спречи сопственикот на овој примерок да помогне во дадената ситуација.
Имајќи во предвид дека неговото видео стана вирален хит на социјалните мрежи, не би не изненадило ако газдата на овој примерок, со оваа постапка ја загуби гаранцијата за своето возило.
Како што може да се види од видеото, Model X не го извлече самостојно шлеперот, туку само му помогна да се врати на возните ленти од коловозот. И електричниот автомобил во режим Slip Start за лизгави површини се бореше со недостатокот на приемливост помеѓу гумите и подлогата.