Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шкотскиот парламент гласаше против планот на британската премиерка Тереза Меј за излез од ЕУ.
Тоа е симболичен, незадолжителен глас, кој ја нагласува поделеноста меѓу четирите нации на Обединетото кралство на прашањето за Брегзит.
Сепак, Англика и Велс одлучија да ја напуштат Европската Унија на референдум одржан во јуни минатата година, додека мнозинството на гласачи во Шкотска и Северна Ирска беа против.
Премиерката на Шкотска, Никол Стерџон, во повеќе наврати побара да се земат предвид интересите на Шкотска пред претстојните преговори за Брегзит, потенцирајќи дека Шкотска мора да има избор за одржување на нов референдум за независност.