Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со револуционерната иницијатива која ја започна, Шкотска стана првата држава во светот која воведува минимална цена на алкохолот за тој да стане потешко достапен.
„Шкотска е првата нација во светот доволно смела и храбра да воведе минимална единствена цена“, изјави шкотската премиерка Никола Стурџон. „Мислам дека земјите во Европа и надвор од неа ќе се обидат да го преземат она што го направивме тука во Шкотска“, додаде таа спомнувајќи дека и Ирска и Велс сакаат да почнат слични проекти.
Сега е одредена минимална цена од 50 пени (57 центи) по единица алкохол, мерка која ги зема предвид истовремено и процентот на алкохол и количеството производ.
Така шише виски од 700 милилитри нема да може да се продава под 14 фунти (15,60 евра), а шише од 740 милилитри вино со 12,5 отсто алкохол ќе чини најмалку 4,69 фунти (5,2 евра).
Иницијативата со која се сака да се сузбијат негативните последици врзани со алкохолот ја поздравија и лекарската комора и синдикатите како најголем напредок во областа на јавното здравство по забраната за пушење во јавност.
„Овој закон ќе спаси животи“, изјави Алисон Даглас, главна директорка на каритативната организација Алкохол фокус Скотланд, која предвиде дека законот ќе спаси 58 животи во првата година од спроведувањето, а до 121 лице годишно „за 20 години, кога политиката ќе го достигне полниот замав“.
Во 2016 година 1.265 смртни случаи беа поврзани со алкохол во Шкотска, каде живеат 5,3 милиони луѓе, што е зголемување за 10 отсто од претходната година.