Шкендија ги објави цените: Милан во Скопје за 400 до 1000 денари!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалски клуб Шкендија ги одреди цените на билетите за дуелот против Милан, кој ќе се игра на 24 август во Скопје.

Шкендија ќе игра против Милан во плеј-офот од Лига Европа на 24-ти август во Скопје, а картите се поделени во четири блока.

Цената е навистина пристојна, па љубителите на фудбалот ќе имаат можност да го гледаат италијанскиот гигант за цени од 400 до 1000 денари. Влезници ќе има и по цена од 600 и 800 денари.

Продажбата на билетите ќе започне вечерва, а ќе може да се купат на продажни места во Скопје, Приштина и Тирана.