Шише шкотско виски „Macallan“ продадено за вртоглави 1,9 милиони долари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во рамки на аукциска продажба организирана од аукциската куќа „Christie’s“, шише шкотско виски од брендот „Macallan“ беше продадено за астрономска цена од неверојатни 1,9 милиони долари.

Со цената од 1,9 милиони долари, колку што достигна ова шише „Macallan“ од 1926 година, истото стана најскапиот пијалок досега продаден на аукција.

Тое е вторпат овој вид виски да достигне рекордна цена – минатата година, исто така, во аукциската куќа „Christie’s“, шише од тоа виски беше продадено за 1,2 милиони долари, јавува Си-Ен-Ен.