Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бившиот јапонски премиер Шинзо Абе почина на 67-годишна возраст во болница, откако претходно беше застрелан додека држеше говор на улица, објави јапонската телевизија НХК, цитирајќи извори од владејачката Либерално-демократска партија.
Животот на поранешниот јапонски премиер со најдолг стаж, се обидувале да го спасат тим од дваесет медицински работници. На прес-конференцијата во болницата, лекарите рекле дека поранешниот лидер починал од прекумерно крварење, а куршумот што го убил продрел доволно длабоко за да допре до неговото срце.
Абе беше застрелан околу 11:30 часот по локално време во Нара, источно од Осака, додека држел говор за изборната кампања.
По инцидентот, полицијата го уапсила Тецуја Јамагами, жител на Нара во неговите 40-ти години. ТВ НХК објави дека мажот не се обидел да побегне и е задржан на распит во полициска станица. Се чини дека користел рачно изработен пиштол.