Шилегов: СДСМ ќе изгради нов клинички центар, зборот на Груевски не вреди


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


СДСМ ќе изгради нов, модерен и функционален Универзитетски клинички центар за потребите на сите граѓани во Македонија. Здравствените услуги ќе бидат високо квалитетни, најави во понеделник Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„Ќе го вратиме концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Нема да ве препраќаат како досега од клиника во клиника“, рече Шилегов.

Тој потсети дека токму Груевски заедно со Никола Тодоров, на 2 јануари 2014 ветил нов Клинички центар до 2 јануари 2017 година, но тоа не го направил.

„Наместо тоа, гледавте како во центарот на Скопје никне друг грамаден објект, ама не потребниот Клинички центар за вас, туку партискиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ за којшто отидоа, според некои проценки, над 30 милиони евра“, рече Шилегов.

Тој, одговарајќи на новинарски прашања рече дека зборот на Груевски вреди колку и неговото ветување пред три години дека ќе изгради нов клинички центар.

„Зборот на Груевски во политиката не вреди веќе ништо. Колку побрзо внатре во ВМРО-ДПМНЕ сфатат дека треба да го снема Груевски од политичката сцена, толку подобро како нив за партија, толку подобро за Република Македонија како држава. Искрено се надевам дека во блиска иднина ќе се најдат сили во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе му кажат на Груевски дека неговото е завршено.