Home Актуелно Шилегов најави кривична пријава за загрозување на безбедност против лицето кое влета со автомобил на скопскиот плоштад

Шилегов најави кривична пријава за загрозување на безбедност против лицето кое влета со автомобил на скопскиот плоштад

Откако јавноста револтирано реагираше, најпрво за начинот на кој жител на Арачиново со Бентли влета на скопскиот плоштад, а потоа и на висината на казната која му беше изречена за тоа, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во изјава за новинарите, денес апелираше дека казната од 45 евра за возачот од споменатиот немил настан е само првична, односно дека против него ќе се поднесе кривична пријава за загрозување на безбедноста на сообраќајот.

„Вчерашната снимка беше скандалозна. Глобата од 45 евра која ја објавив вчера не значи дека туку завршува работата околу санкционирање на лицето. Ќе биде поднесена кривична пријава бидејќи има елементи за загрозување на безбедноста на сообраќајот“ – изјави Шилегов.

Тој истакна дека Јавното обвинителство понатаму ќе постапува во врска со овој случај.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…