Шилегов: Ќе поскапи цената за паркинг во Центар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека во строгиот центар на Скопје ќе може да се паркираат само жителите, како и поскапување на паркингот во Центар.

„Ќе го реорганизираме паркирањето во рамките на постоечката инфраструктура. Постепено ќе ги ослободиме пешачките зони и тротоарите од автомобили и ќе воведеме режим каде може, а каде не може да се паркира. Со тек на време ќе воведеме и резиденцијално паркирање за луѓето кои живеат во тој дел, како единствен начин на паркирање во централното градско јадро“, рече Шилегов.

Тој вчера најави скалесто поскапување на цените за паркирање, а намалување на билетите во автобусите со цел да се стимулираат граѓаните да користат јавен превоз.