Шеви Силверадо направен од Лего коцки во природна големина


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Автомобилскиот гигант Шевролет може да се пофали со уникатниот Шеви Силверадо (Chevy Silverado) кој нема да биде за продажба, бидејќи е во целост направен од Лего коцки, но е вистински престиж да се има таков симболичен примерок.

За изработка на овој модел беа потребни 334.544 Лего коцки, а на него работеа 18 работници повеќе од 2.000 часа.

Причината за изработката на ваков прототип е прославата на премиерата на филмот „The Lego Movie 2“, која е закажана за 8 февруари. Моделот тежои 1.500 килограми, висок е 1,8 метри, а долг скоро 6 метри.