Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На шестите локални избори во Македонија што се одржуваат денеска учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи. Пријавени се 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати за членови на советници на 327 листи.
Листите на кандидати за членови на совет и листите на кандидати за градоначалник, кои се поднесени од ист подносител, ќе имаат ист реден број во сите општини.
Во трката за градоначалник на Град Скопје се осум кандидати, а поднесени се девет листи за советници. Кандидат за градоначалник на главниот град од Коалицијата предводена од СДСМ е Петре Шилегов, а од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот градоначалник Коце Трајановски. Кандидат на Левица е Марија Џонс, на ТМРО Ванчо Шехтански, на ДПА Беким Фазлиу, на БЕСА Нафие Селмани, на Алијанса на Албанците Наим Најрами и на НДМ Ѓорѓи Тодоров. Советнички листи за Град Скопје имаат поднесено коалициите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ и Левица, како и ТМРО, ДУИ, ДПА, БЕСА, Алијанса за Албанците и НДМ.
Шестите локални избори во Македонија се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.