Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако својот парфем KKW Fragrance го изрекламира со сопствени фотографии на кои позира гола, Ким Кардашијан почна да објавува и туѓи разголени фотки.
Старлетата објави шест фотографии од целосно голи жени, со цел да докаже дека нејзиниот парфем е наменет за сите припаднички на понежниот пол, бирајќи модели со различен физички изглед и боја на кожа. Така, на фотографиите можат да се видат полнички темнокожи жени, но и витки и нешто покрупни бели жени.
„Немам поим каква врска има ова со парфемот“, напиша една девојка на објавата, коментар кој собра над 3.800 допаѓања.
„Луѓе, моите деца се на Фејсбук. Мислам дека ова не е примерно. Јас сум жена горда на своето тело, облините и стриите, но мислам дека нема потреба тоа да се споделува со светот“, порача друга жена.
Имаше и позитивни реакции и коментари. „Зошто на луѓето им пречи женското тело? Тоа е природно и прекрасно“, беше еден од нив.