Шестчасовното работно време си има и слабости – дознајте повеќе за тоа

Young Entrepreneurs at Work

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Швеѓаните пред нешто повеќе од една година започнаа со шестчасовно работно време. Наместо досегашните 40, неделно се работи по 30 часа.

Но, сега трошоците за таквиот начин на работа се повисоки од предностите. Таквиот заклучок произлегува од прелиминарните резултати на двегодишниот експеримент кој е спроведен во шведскиот град Гетеборг. За да се намалат работните часови од 8 на 6 дневно, морало да се вработи дополнителна работна сила. Градот на пример, во еден дом за старци вработил 17 медицински сестри плус, што предизвикало дополнителен трошок.

Истражувањето покажало дека вработените се чувствувале поздраво од порано, па имало помалку користење на боледување и отсуства. Но, градот нема да го форсира ваквиот план, бидејќи е прескап. Експериментот во Гетеборг е само еден од последните во низата со кои е одлучено да се скрати работното време на работниците. Овој експеримент е набљудуван од светот со голема заинтересираност. На национално ниво, во моментов нема планови за воспоставување на шестчасовно работно време.

Експертите сакаат да видат што повеќе студии кои ќе укажат на тоа како скратените работни денови можат да доведат до долгорочен губиток за општеството во целост. Еден од аргументите е дека тоа на вработените во професии кои вклучуваат напорна работа, би им го продолжило работниот век.