Живот

Шест жешки порно трендови во 2018 година на кои никој нема да одолее

Порно индустријата за 2018 година откри интересни трендови кои, како што тие сметаат, гарантирано ќе предизвикаат интерес и возбуда кај публиката.

Времето тече, а во склад со него и трендовите во сите сегменти од забавата и шоубизнисот, па така и во порно индустријата. Секс сцените од порничите во кои на вратата тропа секси доставувач на пица, а му отвора раскошна убавица во чипкаста долна облека, после што следи жежок секс, одамна се минато. Нискобуџетните филмови ги замени високата продукција, а порно актерките станаа вистински шоубизнис ѕвезди. Men’s Health пренесува какви порно трендови не очекуваат во 2018 година.

Високобуџетни порничи

Секој ден меѓу бројните потрошувачи, квалитетот станува многу поважен од квантитетот, па така е и во порно индустријата. Продуцентите се свесни за тоа, па оттука, во епицентарот се ставаат високобуџетните порно филмови. Имајќи во предвид дека технологијата е во постојан прогрес и развој, подостапна од било кога, фабриката за соништа наречена Холивуд го зголеми производството токму на такви филмови. Делумен виновник за тоа е интернетот, кој на фановите им овозможува бесплатно гледање порнографија, па компаниите најдоа начин како да се истакнат во купиштата такви производи и притоа да заработат и тоа дебел кеш. Бидејќи визуелниот впечаток е и конечен и најважен, нели?

Виртуелни порно филмови

Гледањето виртуелна порнографија оваа година ќе го доживее својот врв. Зошто? Затоа што секој маж или жена кои го гледаат тоа, имаат чувство дека се во истата соба каде и порно акцијата и каде се остварува секоја фантазија. За обожавателите на порничите ова е едно сосема ново ниво во кое се ужива бескрајно, благодарение на технологијата поради која ваквите филмови стануваат вообичаени.

Порно ѕвездите како бизнисмени

Денес сè повеќе жени се фокусираат кон претприемаштвото, а истото се случува и со порно актерките. Во 2018 година ќе гледаме сè повеќе порно актерки и актери кои своите кариери ќе ги земат во свои раце, односно ќе ги презмеат улогите на продуцентите, наместо да снимаат за други. Така, тие ќе можат да снимаат свои аматерски филмови во домашен амбиент, а ги прикачуваат на интернет и притоа да заработуваат директно многу пари од истиот производ. Притисокот, на таков начин, е далеку помал и тие сами одлучуваат што ќе прават и прифатат, а што не. Освен тоа, на гледачите им се допаѓаат таквите филмови кои се снимени на таков начин и изгледаат многу пореално, па и уживањето е поголемо.

Високобуџетни акциони/трилер порно филмови

Понудата со порничи е поразновидна од било кога, а со цел да ги задржи гледачите во „своите води“, порно индустријата мораше да оди чекор понапред и да смисли амбициозни содржини. Во тој контекст, снимаат хорор, акциони и трилер филмови со порнографски содржини, кои се зачинети со адреналински сцени.

Лажна инцесуозна порнографија

Иако веројатно повеќето би се згрозиле од таквата помисла, но лажните инцестуозни порничи, на големо изненадување, ќе бидат прв жанр на листата со порнографија оваа година. Се прашувате зошто? Имено, некои луѓе обожаваат табу теми. Ги возбудува помислата дека прават нешто забрането. Иако за многумина гледањето на такви содржини ќе чувствуваат срам и вина, тоа сепак, е само фантазија.

Порно актерки како продуцентки

Порно индустријата долга низа години беше традиционално машка индустрија. Но, просторот со секој изминат ден сè повеќе го заземаат порно актерките, кои сакаат нивното име да не биде само на листата од актери. Тие стремат кон покреативни улоги зад камерата, а судејќи според експертите за оваа област, токму таквите филмови кои ќе бидат осмислувани и режирани од жени, ќе бидат хит оваа година.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top