Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Едносезонската серија „Chernobyl“ во продукција на НВО направи вистински бум во планетарни рамки со својата влијателност и популарност, добивајќи досега највисоки оценки од публиката и критиката кои биле доделени на една серија.
„Chernobyl“, истовремено, покажа и докажа дека една серија може да биде и тоа како успешна и квалитетна и доколку нема неколкусезонски продолженија и епски димензии.
Факт е дека постојат многу серии кои завршиле со снимање по само една сезона. Иако можат да ве навлечат да ги гледате, па да ве фрлат во очај поради тоа што, откако ќе ги изгледате сите епизоди, не следи продолжение. Сепак, тие се одлични за летно „тепање време“ или ако немате време ниту намера да се навлекувате на епски серијали од по неколку сезони. Еве неколку такви.
The Get Down
Сместена во 1970-те години, музичката серија во продукција на Netflix го следи развојот на хип-хоп и диско музиката низ приказната за група млади од Бронкс. Иако наишла на пофални критики од критичарите, серијата е прекината после 11. епизода поради напуштање на проектот на режисерот Баз Лурман. Исто така, постоечката сезона е поделена на два дела, а оваа е прва серија на Netflix која била прекината после една сезона.
Z: The Beginning of Everything
Со Кристина Ричи во главната улога, серијата во продукција на Amazon го следи животот на Зелда Сајр Фицџералд, американска писателка со голем општествен углед во 1920-те години. Акцентот е ставен на нејзиниот љубовен однос со големиот писател и романсиер Френцис Скот Фицџералд. Серијата има 10 епизоди, после кои е прекината со снимање. Иако се зборувало за можно лансирање на втора сезона, таа сепак нема да го види светлото на денот.
Studio 60 on the Sunset Strip
Серијата го прикажува интригантниот свет зад кулисите на телевизиската шоу програма, а меѓу актерската екипа се најдоа Метју Пери и Аманда Пит. Провокативна и забавна серија која ги разоткрива политиките, ликовите и возбудливите случувања за време на продукцијата на водечките серии во една голема телевизиска куќа. Прекината е после 22. епизода.
Undeclared
Серија која на духовит начин го истражува студентскиот живот на бруцошите и односите формирани во средината на студентскиот дом. Откажана е после 17. епизода во која гостуваат и некои познати имиња како Ејми Пелер, Џен Фишер, Вил Фарел, Адам Сендлер и Бен Стилер.
Firefly
Иако доби неверојатно добри критики и освои една „Emmy“ награда, серијата беше прекината после првата сезона. Набрзо стекна култен статус, а режисерот Џос Ведон за обожавателите направи завршеток на приказната од истата во форма на филм со наслов „Serenity:“.
Pitch
Серија која ја следи Џини Бејкер која стана професионалка во бејзбол лигата и прв женски бејзбол играч во Major League Basebal. Ја глуми Кајли Банбари. Серијата беше откажана после 10 епизоди, а неодамна почна да се шушка дека сепак, би можело да се снима и втора сезона.