Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
И оваа година шест македонски научници се најдоа на листата на највлијателните 2% на светско ниво од сите научни области на сите времиња. Листата ја прави Стенфорд универзитот од САД.
На листата за најдобри топ 2% научници на сите времиња од сите области се рангирани Љупчо Коцарев (МАНУ), Леонид Грчев (МАНУ), Валентин Мирчески (Институт за Хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје), Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки, УГД Штип) и двајца пензионирани професори, Трајче Стафилов (Институт за Хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје) и Иван Грозданов (Институт за Хемија, ПМФ, Скопје).
Покрај тоа, за календарската 2020 година во топ 2% највлијателни светски научници од Македонија се рангирани:
Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски, Рамадани Веланд (Универзитет на Југоисточна Европа Тетово), Кимет Јусуфи (Државен Универзитет Тетово), Биљана Бауер (УКИМ Скопје) и Биљана Ристеска Стојкоска (ФИНКИ, УКИМ, Скопје).