Актуелно

Шест мртви и 120 повредени во човечко смртоносно стампедо во Анкона

Откако во преполна дискотека во близина на италијанскиот град Анкона некој наводно прснал солзавец, присутните експресно сакале да ја напуштат дискотеката и направиле смртоносно човечко стампедо во кое животот го загинаа 6 лица.

Во метеж во ноќниот клуб во местото Кориналдо во близината на Анкона загинаа шест лица, од кои петмина малолетници, додека околу 120 луѓе се повредени, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека животот го загубиле три девојки, две момчиња и една жена, мајка која со ќерката дошла на концерт во клубот, а во тешка состојба се 14 повредени лица. Според наводите на противпожарната служба повредените биле пренесени во околните болници на брегот на Јадранското море.

Пожарникарите не можеа ги да потврдат наводите на преживеаните оти најмалку еден излез за во случај на опасност во дискотеката „Лантерна Аѕура“ бил блокиран или нефункционален, но наведоа дека сите влезови во клубот биле отворени кога стигнале спасувачките тимови.

Исто така, не се потврдени ни тврдењата оти масовната паника предизвикало користење на солзавец во спреј.

Италијанската новинска агенција АНСА пренесе дека на концертот на раперот Сфера Ебасте имало околу 1.000 посетители и оти луѓето се упатиле кон излезите откако некој прснал супстанца слична на солзавец.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top