Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ламбе Алабакоски доби условна казна од шест месеци за потпалувањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Информацијата ја потврди неговиот адвокат. Судот ја донел одлуката минатата недела а од денеска пресудата е правосилна.
Настанот се случи во јуни годинава, алабаковски потоа за време на истрагата го призна делото а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело.
По подметнувањето на пожарот , Алабакоски беше притворен а неколку дена подоцна беше пуштен во домашен притвор и му беше овозможено да се брани од слобода. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.