Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Практично гледано, нанесувањето парфем е буквално наједноставната работа од сета рутина за разубавување која ја практикуваме.
Но, верувале или не и во оваа најлесна рутина неретко се прават грешки кои можат да го расипат ефектот на парфемот и да го намалат траењето на мирисот.
Поради тоа, ви пренесуваме листа со најчести грешки кои се прават кога се нанесува парфем, за да си знаете и ако ги правите, во иднина да ги избегнувате. Со тоа ќе бидете и позадоволни од вашиот омиен парфимиран мирис.
1. Триење на зглобовите еден со друг после нанесување на парфем врз нив
Поради оваа грешка, мирисот на парфемот не трае онолку долго колку што е неговата максимална трајност. Парфемите се создаваат во ноти, па постои горна, средна и базна нота.
Горната нота испарува најбрзо (цитрус и овошје), средната нота трае малку подолго (обично цветните парфеми), а базните ноти траат најдолго (дрвените ноти и смолата). Кога ќе почнете да ги триете зглобовите, се создава топлина поради која горните ноти согоруваат уште побрзо, па така парфемот трае пократко.
2. Не ја хидратизирате кожата пред нанесување на парфем
Ако сакате мирисот од вашиот парфем да трае најдолго што може, пред нанесување на истиот хидратизирајте ја кожата. Нанесувањето на парфемот во слоеви ќе биде најдобар потег. За подолготрајно мирисање на парфемот, експертите порачуваат користење на крем со ист мирис како и парфемот.
Ако се плашите дека од толку мириси ќе ве заболи глава, обидете се да користите хидратантна крема без мирис.
3. Нанесување премногу парфем
Овде проблемот не е само во тоа што преголема количина на нанесен парфем може да им пречи на луѓето околу вас, туку и фактот дека преголемото количество парфем може да го промени неговиот мирис и тој да не мириса така добро.
Затоа, најдобро е парфем да нанесувате во мали количини на местата каде што имате пулс и тоа ќе ви биде доволно.
4. Нанесување парфем на облеката
Нанесувањето на парфем врз облеката и не е така голема грешка, но за максимален ефект нанесувајте го на точките од телото каде што имате пулс – вратот, зглобовите, деколтето, лактите, зад колената. Пулсирачките точки емитираат топлина, поради што мирисот побрзо се развива.
Ако нанесувате парфем на облеката, и понатаму добро ќе мирисате, но ефектот од парфемот ќе исчезне многу побрзо отколку кога истиот е нанесен на кожа.
5. Купувате парфем каков што има вашиот/та пријател/ка
Сте го почувствувале прекрасниот мирис на вашиот/ата пријател/ка и сакате да си купите ист таков парфем? Ова е честа ситуација во која се нашле подеднакво и мажите и жените.
Пред да го направите тоа, би требало да пробате дали истиот тој мирис ќе „функционира“ и на вашата кожа, бидејќи исти парфеми не мирисаат исто на секого.
Причината за тоа е многу едноставна – хемискиот состав на телото. Поради тоа, неретко се случува еден ист парфем на една личност да мириса совршено, а на друга не баш така добро.
6. Секогаш користите ист парфем
Супер е кога во морето парфеми и мириси ќе си го пронајдете оној идеалниот и омилен, но користењето на парфем треба да биде забавно. Поради тоа, не се плашете да пробате и некои нови шишенца со миризлива течност.
Освен тоа, вкусот ни се менува со текот на годините, па парфемот кој пред 5 или 10 години не ви се допаѓал, можеби сега баш ќе ви одговара.