Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, беше прогласена за виновна во рамки на случајот „Тенк“ и доби казна затвор во траење од шест години.
Кривичната судијка Добрила Кацарска пред претставниците од медиумите ја објави пресудата на Кривични суд за бившата министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во случајот поврзан со нерегуларностите при набавката на фамозниот „Мерцедес“ под надлежност на СЈО. Во рамки на овој случај, Јанкулоска е осудена на шест години казна затвор и дополнително да ги надополни сите трошоци поврзани со овој судски процес.
Јанкулоска беше обвинета за злоупотреба на службената должност преку која влијаела за набавка на тогаш новото блиндирано возило „Mercedes Maybach S600 Guard“, „по мерак и желба на бившиот премиер Никола Груевски, кој сакал да се вози во такво возило“ а кое било набавено преку МВР, за користење на потреби на премиерот.
Судот ги смета за неосновани барањата од одбраната на Јанкуловска прислушкуваните снимки од „бомбите“ да не бидат користени како доказен материјал.
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, после изрекување на казната во рамки на пресудата, побара дополнителни мерки барајќи домашен притвор за Јанкулоска, наместо ефективен притвор.