Шерон Стоун направи реприза на провокативната сцена од „Основен инстинкт“ (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


62-годишната холивудска ѕвезда и своевремено една (но и денес) од најсексапилните и најатрактивни жени од светот на шоубизнисот, Шерон Стоун, својата светска слава дефинитивно ја стекна со филмот „Основен инстинкт “ и култната сцена кога на полициско испрашување ги прекрстува нозете.

Легендарната сцена од 1992 година, Шерон ја повтори изминатиот викенд на свеченост во Берлин.

Атрактивната Стоун во Берлин ја прими наградата за „Жена на годината“, организирана од магазинот „GQ“ и по 27 години седна на столица на бината за да одржи говор.

За време на говорот 62- годишната актерка ја повторила култната сцена од филмот, а потоа ја повикала публиката да го стори истото заедно со неа (почеток некаде од 07:00 минута на видеото подолу).

Во говорот, Шерон открила дека славната сцена била моментот која и го променила животот.

„Пред многу години седев на сцената. Режисерот тогаш ми рече да ги соблечам гаќичките бидејќи се гледаат, а јас во таа сцена не требаше да ги носам. Одговорив: Секако!! Не можев ниту да помислам дека тоа беше моментот кој ќе ми го смени животот“, изјавила Шерон Стоун за улогата која и донесе светска слава.