Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Воопшто не сум сигурна како станав секс симбол. Не мислев дека сум толку секси. Кога го снимав ,,Сурови страсти”, ја истражував мојата мрачна страна и стекнав нови пријатели. Успеав да постигнам да не се плашам и да не се срамам од себе и мислам дека тоа е она што луѓето го сметаат за секси кај мене “, изјави актерката за списанието „ Town & Country“, зборувајќи за предностите и маните кои ги носи статусот „секс симбол“ во Холивуд.
„Луѓето сè уште сакаат да ги видат моите гради. Па, јас имам 62 години! Ајде, пораснете, доста е”, рече Шерон, која се здоби со статус на секс симбол благодарение на сцената во која ја префрли ногата преку нога во мини фустан во полициска станица, додека не носеше ништо под него.
View this post on Instagram
Таа зборува и за негативните страни на таа титула.
„Тешко е затоа што сите очекуваат од тебе да бидеш постојана. И беше навистина тешко и на Мерилин Монро. Снимила филмови кои беа навистина важни, но секогаш беше придружена со слика на секс симбол. Многу е тешко се справиш со тоа “, рече Шарон.
На 63 години, вели Стоун, го пронашла мирот и нејзината цел.
„Мислам дека треба да изберете како сакате да остарите. Сигурна сум дека ја имам мојата судбина под контрола и сега се обидувам да ја исполнам со што поголем интегритет и да бидам што е можно поотворена”, заклучи актерката.