Шербеџија и Штулиќ се контраат за една песна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако рок легендата од бившите ју-простори, Бранимир Џони Штулиќ, нервозно изјави дека никогаш не бил пријател со Раде Шербеџија и дека актерот ги користи неговите авторски песни без никаква добиена согласност, се огласи и Шербеџија.

Во телевизиска изјава, Шербеџија рече дека кон Штулиќ „чувствувал убаво и искрено пријателство“, додавајќи дека му е жал ако тоа било само од негова страна.

Шербеџија претходно објави дека неговата турнеја го носи името на песната на Штулиќ „Мени се душо од теби не растаје”, која, според тврдењата на актерот, Џони ја напишал за претставата на Шербеџија во 1989 година.

На тоа имаше жестока реакција од Штулиќ, кој рече дека никогаш не бил пријател со Шербеџија и дека не ја напишал песната за неговата претстава, туку за себе, а тој ја присвоил без согласност.