Шенон Доерти после хемотерапијата: Ракот за мене е благослов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ѕвездата од култната хит тинејџерска серија од ’90-те години, Beverly Hills 90210, Шенон Доерти, вели дека се чувствува одлично и дека е многу среќна после третманот на кој беше подложена поради карцином на дојката.

Карциномот на Доерти ѝ беше дијагностициран во 2015 година, а неодамна на Инстаграм објави дека завршила со хемотерапијата и зрачењето. Во истата објава наведе дека да види дали е здрава или не.

„Се чувствувам одлично, среќна сум што сум овде. Карциномот за мене, колку и да беше тежок, беше благослов. Засекогаш ме промени, ми го промени начинот на живот онака како што не сум можела ни да замислам“, вели актерката.

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

После завршувањето на хемотерапијата, 45-годишната актерка прв пат се појави во јавност во саботата, н а еден хуманитарен настан во Лос Анџелес. Доерти не даде повеќе информации за својата здравствена состојба, но објави видео на кое танцува, од што фановите заклучија дека е добро.