Шеќеринска, со повреди на главата, заврши на шиење во Ургентен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Радмила Шеќеринска, заменик претседателката на СДСМ и пратеничка во Собранието вечерва е однесена во Ургентниот центар на скопските клиники. На Шеќеринска веднаш и е укажана лекарска помош, а поради повредите морало да се интервенира хируршки, односно раните морале да бидат шиени.

 

Шеќеринска во Собранието беше нападната од постар човек, кој насилно упаднал внатре, ја удираше и влечеше за косата. На снимките се гледа идентитетот на напаѓачот. И Шеќеринска е надвор од животна опасност, како и останатите пратеници кои се потешко повредени.