Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Организаторите на Светското првенство во фудбал, кое во 2022 година ќе се одржи во Катар, нема да штедат пари за изградба на инфраструктурата со цел на светот да му покажат дека заслужиле да бидат домаќини на ваков планетарен настан.
Катарците ќе градат стадион со невообичаен изглед, кој ќе ја отсликува традицијата на оваа земја.
Стадионот „Ал Тумама“ се гради на шест километри од Доха, а ќе има облик на гафија (куфи) капа, која е дел од традиционалната машка обека во Катар.
Оваа капа во катарската култура кај мажите го симболизира преминот на тинејџерите во светот на возрасните. Дел од носијата, покрај оваа капа (гафија), се и гутра и агал, а сите тие ќе бидат вклопени во изгледот на стадионот.
„Ал Тумама“ е седми стадион кој се гради во Катар. Стадионот „Калифа“ е завршен пред неколку месеци, а во изградба се уште пет. Најголемиот од нив е „Лусаил“, кој ќе има капацитет од 83.000 места, додека „Ал Тамама“ ќе биде со капацитет од 40.000 седишта.
Инаку, капацитетот на овој стадион ќе биде преполовен по завршувањето на мундијалот кога горните трибини ќе бидат приспособени на потребите на спортската клиника и хотел.