Шеикот кој од Сити направи гигант: Скапи автомобили, јахти….Погледнете што се поседува (ФОТО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сопственикот на Манчестер Сити, Менсур пред десет годино одлучи да го купи клубот од „Етихад“ во кој веќе вложи неколку милијарди.

Шеикот Менсур е познат по тоа што не штеди кога станува збор за доведување на нови играчи, а што би штедел кога неговото богатство се проценува на околу 17 милијарди фунти. Јасно дека Менсур е најбогатиот човек во светот на спортот, а она што го поседува е надвор од сите нормални рамки.

Сопственикот на Сити има јахта која чини 400 милиони фунти, а истата некогаш знаеше да ја „позајми“ на филмската ѕвезда, Леонардо Ди Каприо. Тој е заменик министер на Обединетите Арапски Емирати, задолжен е за нафтата и е управител на своето семејство. Овј 47-годишен шеик поседува 5% од акциите на Ферари и редовно ги вози најновите модели.

Токму Менсур плати околу 100 милиони фунти за Формула 1 да се одржува во Абу Даби, а покрај Ферари, поседува и 10% од акциите на Мерцедес. Во својата колекција има Мерцедес СЛР-Мекларен од 350,000 фунти, Ламборгини Ревентон од 840,000 фунти и Ферари Енза кој чини неверојатни 2.5 милиони фунти.

Исто како и Флојд Мејведер е миленик на Бугати и има ги има дури пет во гаражата кој чинат повеќе од милион фунти. На врвот на колекијата е и Порше 911 ГТ1 кој чини три милиони фунти. Сепак, тој е човек кој е задолжен за нафтата.

Шеикот Менср во Абу Даби поседува вила или поточно замок во кој живее неговото семејство. Неодамна купи и вила во Шпанија за „ситни“ 42 милиони евра.