Актуелно

Шеху призна дека бил дел од нападите во Гошинце и Куманово

Дем Шеху, третообвинетиот во случајот Диво насеље во кое на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација, призна дека учествувал во нападот во караулата во Гошинце и дека во униформа и со оружје бил во Куманово на 9 мај, 2015. Пред судот Шеху тврдеше дека во Македонија бил дојден за да помогне во спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Тој пред судот рече дека меѓу 2 и 3 мај стигнале во Слупчане во шума. Се разбудиле, местото цело време го надлетувало хеликоптер. По ова стигнале во Куманово.

На 7 мај Валдет им рече на Бег Ризај и Мирсад Ндрецај да си одиме оти не знаеме каде сме. Ноќта избегаа тројца од групата. Ми мириса на заседа, им реков. Кога на 9 почна пукањето, мислев дека се Србите. Дем Шеху му кажал на Сами да чекаме да дојдат од ОБСЕ и да не се предаваме, рече Шеху.

Го спомена и Ејуп Алити, секретар за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој, според Дем Шеху, ги убедувал Мирсад Ндрецај и Бег Ризај да не одат во Македонија. Дем Шеху лично се познавал и имал контакти со водачите на групата, Мирсад Ндрецај и Бег Ризај, кои беа убиени во пукањето во Дива населба. Според Шеху, голем дел од министрите и пратениците во македонската Влада и Собранието дошле на тие места благодарение на Мирсад Ндрецај и Бег Ризај. Тие имале контакти и средби со Шенаси Мехмети, вработен во македонските тајни служби. Заедно со него, според тврдењата на Дем Шеху, тројцата биле и во седиштето на ДУИ во Тетово. Револтот кај Албанците, според Шеху, настанал по изрекувањето на доживотните затворски казни за случајот Монструм. Рече дека бил и во Гошинце, а акцијата ја водел Бег Ризај, еден од водачите на групата што се смести во Дива населба и кој беше убиен во акцијата, а со нив бил и обвинетиот Валдет Зекај.

Валдет извика УЧК, а полицајците се уплашија и сами легнаа на земја. Бег Ризај удри еден од нив бидејќи се сомневаше дека ќе стане. Потоа дојде џип и го зема оружјето од караулата, тврдеше Шеху.

Нападот, според неговиот исказ, траел 20 минути, на еден од полицајците кој бил со одврзани раце му рекол дека кога ќе си заминат, да почека 15 минути и да ги ослободи и другите полицајци.

Во кумановската Дива населба загинаа 8 припадници на МВР, а околу 40 беа повредени.

Advertisements
To Top