Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шефот на железничката станица во Лариса беше уапсен од страна на грчките полициски служби по стравичниот директен судир на два воза во близина на овој грчки град ноќеска, при што загинаа најмалку 36 луѓе, а над 70 се хоспитализирани.
Полицијата кажа дека 59-годишниот маж, задолжен за сигнализацијата, е обвинет за убиство од небрежност и за нанесување телесни повреди од небрежност. Тој ги негирал обвинувањата и рекол дека причината за несреќата можеби е техничка грешка.
Грчкиот министер за транспорт и врски, Костас Караманлис изјави дека точниот број на жртвите и натаму не е познат.
„Потрагата и спасувачката операција многу тешко се одвиваат. Барам да останеме мирни и да сториме сè што можеме за да ги истражиме причините. Ништо не смее да се заташка“, кажа Караманлис.
Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа.
-Само што се вратив од местото на железничката трагедија кај Темпи. Болката не може да се опише. Факт е дека грчката железница ја презедовме во состојба која не одговара на 21 век. Во овие три и пол години вложивме максимални напори да ја подобриме оваа реалност. За жал, овие напори не беа доволни за да се спречи ваква несреќа. И ова е многу тешко за сите нас и за мене лично, вели Караманлис во писмената изјава.
Објаснува дека кога се случува нешто толку трагично, не е можно да се прават дека не се случило, и додава дека иако е кусо време во политиката, смета дека „неопходен елемент на демократијата е граѓаните да му веруваат на политичкиот систем“.
-Ова се нарекува политичка одговорност. Поради тоа поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и инфраструктура. Чувствувам должност да го сторам ова како минимален знак на почит кон луѓето кои толку неправедно заминаа и преземајќи ја одговорноста за безвременските грешки на грчкиот државен и политички систем, вели Караманлис.
Останува нејасно како двата воза се нашле на истата пруга во моментот на несреќата. Патничкиот воз со 342 патници сообраќал на линијата Атина-Солун, додека товарниот воз се движел од Солун кон Лариса кога се судриле синоќа пред полноќ.
Од болницата во Лариса кажаа дека најголем дел од загинатите се млади луѓе, во 20-ти години. Околу 250 патници безбедно се евакуирани со автобуси до Солун. Голем дел од патниците биле студенти кои се враќале дома после празник. Премиерот Мицотакис прогласи тридневна национална жалост.