Шефот на протоколот во МНР кој ги замеша знамињата од Словенија и Словачка ќе биде амбасадор во Русија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шефот на Протоколот на МНР со барањето за негово разрешување од споменатата функција поради тоа што беа погрешени знамињата при посетата на словенечката министерка Тања Фајон, нема многу да има влијание во неговата кариера бидејќи тој сепак заминува како амбасадор во Москва.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека неговото назначување за амбасадор во Русија е уште од март годинава и дека тоа нема никаква поврзаност со функцијата што ја вршел како шеф на Протоколот.

„Тоа е одделено комплетно од прашањето на амбасадорското позиционирање во Москва. Дали и кога ќе пратиме амбасадор во Москва, тоа ќе биде политичка одлука во зависност дали ќе процениме дека за ОБСЕ треба да имаме комуникација и со Руската федерација. Меѓутоа тоа не е поврзано на ниту еден начин со овој процес во функција на Протоколот.“, рече Османи.

Од Македонскиот дипломатски синдикат уште претпладнето стигна соопштение во кое остро се напаѓа министерот Османи дека не ја зборува вистината околу оставката на шефот на дипломатијата.

„Без срам господинот Бујар Османи вчера јавно пред телевизиски камери излажа дека поради грешка со поставување знамиња оставка поднел директорот на Протокол во МНР. Лагата околу наводната оставка да биде уште побескрупулозна, споменатиот колега за една недела заминува на амбасадорска позиција во една голема земја, за каде што картите му се извадени уште пред инцидентот со знамињата. За каква оставка зборува господинот Османи?“, се вели во соопштението од Македонскиот дипломатски синдикат.

Османи за ваквата реакцијата на Македонскиот дипломатски синдикат рече дека тоа е став само на една личност, а не на цел синдикат.