Home Спорт Шчесни за ова на Меси му должи 100 евра

Шчесни за ова на Меси му должи 100 евра

Војчех Шчесни вчера беше одличен на голот на Полска против Аргентина и Меси, но сепак неговата селекција загуби со 2:0.

Доминираа Аргентинците од самиот почеток, но само поради Шчесни резултатот по првите 45 минути беше 0:0. Во првото полувреме Шчесни одбрани и пенал. Ситуацијата во најмала рака беше спорна, меѓутоа на крајот по прегледувањето на ВАР снимката судијата донесе одлука да досуди пенал.

Интересен разговор помеѓу Меси и Шчесни имало додека ја чекале одлуката. Голманот на Јувентус бил убеден дека нема да има пенал, па се обложил со Меси во 100 евра.

„Пред пеналот разговаравме и му кажав дека се обложувам во 100 евра дека нема да биде пенал. Така го изгубив облогот и треба да му ги дадам тие 100 евра на Меси. Не знам дали тоа е дозволено на Светско првенство, можеби ќе бидам суспендиран. Но, не ми е гајле. Ама, нема да му платам. Гајле му е на Меси, дајте за 100 евра“, прокоментира Шчесни со што ги изнасмеа присутните.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…