Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Отстранети се се шаторите на движењето „Македонија блокира”, кое неколку недели кампуваше пред Собрание и го блокираше сообраќајот во центарот на градот.
Утринава екипи на градското комунално претпријатие го чистеа шутот што зад себе го оставиле демонстрантите. Минатата недела се помалку луѓе имаше во кампот, а од синоќа таму се наоѓаа само поставените шатори. Од движењето „Македонија блокира“ велат дека шаторите кои беа поставени пред Собранието се украдени.
Тие обвинуваат дека ноќеска насилно им биле подигнати шаторите пред Собранието на Македонија.
„Тоа се случи после еден часот по полноќ. Еден багер и четири камиони со полициска асистенција ги подигнаа шаторите. Иронично, денеска се јавуваат од полицијата дали сме виделе нешто. Продолжуваме со отпорот“, велат од „Македонија блокира“ за „Независен весник“.
Фото: Независен