Шарли Ебдо објави карикатура на ајатолахот Хосеини Хаменеи – Иран го затвори францускиот институт во Техеран


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Властите во иран го затворија Францускиот институт во Техеран затоа што францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“ објави карикатури на врховниот лидер ајатолахот Али Хамeнеи, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

Иранските власти ги осудија карикатурите како „навреда на симболите на суверенитетот и националните вредности“.

Техеран во средата предупреди дека ќе има последици и Министерството за надворешни работи го повика францускиот амбасадор.

Шарли ебдо често ги исмева иранските политичари и е санкциониран од иранските власти.

Вчера списанието објави низа карикатури за својот меѓународен натпревар #MullahsGetOut. Една од нив го прикажува Хамeнеи како со јамка се обидува да се спаси од море крв.

„Во Франција има слобода на медиумите, за разлика од она што се случува во Иран“, рече француската министерка за надворешни работи Катрин Колона, додавајќи дека богохулењето во францускиот закон не постои.

Министерството соопшти дека сѐ уште не е официјално информирано за затворањето на институтот, велејќи дека тоа би било жално.

Односите меѓу Иран и европските земји се влошија откако во средината на септември избувнаа масовни протести во Иран поради смртта на Иранка со курдско потекло што завршила во полициски притвор бидејќи не била прописно облечена.