Шарапова се вери со Александар Гилкс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бившата руска тенисерка Марија Шарапова се вери со британскиот бизнисмен Александар Гилкс. Оваа убава вест тие двајца ја соопштија на Instagram, секој на свој начин.

33-годишната Шарапова врската со бизнисменот ја потврди во октомври, 2018 година, пишува People. Гилкс има 41 година и е основач на компанијата Paddle8, која се занимава со аукција на уметнички дела. Тој исто така е соосновач на компанијата Squared Circles.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Sharapova (@mariasharapova)

Бизнисменот е близок пријател на принц Вилијам. Веста за нивната свршувачка наиде на многу честитки од обожаватели и од блиски пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexander Gilkes (@gilkesa)

Пред Гилкс, Шарапова му беше девојка на тенисерот Григор Димитров. Претходно беше свршена за Саша Вујачиќ, со кого се раздели во 2012 година.

Гилкс претходно беше оженет за дизајнерката Миша Нону, но се разведе од неа во 2016 година, по 13 години минати заедно.