Шапекоенсе го подигна трофејот во Копа Судамерикана


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Шапекоенсе синоќа го доби трофејот за победник во Копа Судамериканам иако никогаш не стигнаа да го одиграат финалниуот двомеч против Атлетико Насионал.

Трагичната авионската несреча на 28.ноември однесе 71 живот, меѓу кои беа 18 играчи и тренерот на Шапекоенсе. Несреќата го доведе во прашање дури и опстанокот на клубот, но од целиот свет веднаш започнаа да пристигнуваат пораки на поддршка и најава на некои играчи дека со задоволство ќе го облечат дресот на овој клуб за да му помогнат што побргу да се извлече од несреќата која го снајде.

Се кулминираше со пораката од несудениот противник во финалето Атлетико Насионал, кога челниците и играчите на колумбиската екипа побраа трофејот да му биде доелен на Шапекоенсе.

Синоќа претседателот на Шапекоенсе го подогна историскиот трофеј. Со голема болка во гласот претседателот на клубот Девид Фиљо замоли овој трофеј и титулата неговиот клуб да ја подели со Атлетико Насионал, го повика нивниот преставник на бината, а потоа заедно го кренаа трофејот.