Shangri-la of the World е најдолгата линија за брзи возови во светот – нормално, во Кина


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Патувањето во Кина од неодамна стана значително побрзо благодарение на новата најдолга линија за брза пруга на светот, наречена „Shangri-la of the World“.

Брзите возови ќе минуваат 2.760 километри од Кунминг, главниот град на југоисточната кинеска провинција Јунан, до Пекинг, за само 13 часа, пишува „Lonely Planet“.

Името на возот се однесува на светски познатото летувалиште Шангри-Ла во Јунан, наречено по фиктивното место во книгата на Џејмс Хилтон „Изгубениот хоризонт“ , напишана во 1933 година.

Оваа линија, исто така, претставува најдолгата кинеска брза пруга во правецот исток-запад.

Цената на билетот ќе изнесува 212 долари за прва класа, додека билетот за втората класа ќе чини речиси двојно помалку, поточно 127 долари.

Речиси сите кинески континентални провинции денеска се поврзани со пруга, а државата планира својата железничка мрежа да ја поврзе со пругите од Непал и Тибет.