Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шангајските власти објави дека најлошите жаришта на инфекција со ковид-19 се ефикасно спречени, по едномесечниот карантин за близу 25 милиони луѓе, а властите ветија дека ќе ја задржат стратегијата за нулта ковид и покрај економските последици.
Бројот на новозаразени во кинескиот финансиски центар е „во постојан надолен тренд” од 22 април, рече шангајскиот заменик-градоначалник Ву Кинг.
„Во моментов превенцијата од епидемијата и контролата на ситуацијата во нашиот град постојано се подобруваат, а епидемијата е ставена под ефективна контрола“, рече заменик градоначалникот на прес-конференција.
Од вкупно 25 милиони граѓани, многумина сè уште се под карантин и се огорчени поради мерките, кои сега влегуваат во втор месец и се спроведуваат како дел од кинескиот „нулта-ковид“ пристап.
Ву звучеше претпазливо, велејќи дека иако локалниот пренос е „ефикасно ограничен“, постои ризик да се врати и градот нема да се откаже од стратегијата за „динамично чистење“. „Не можеме да се опуштиме, упорноста е победа“, рече тој, повторувајќи ги коментарите од состанокот на постојаниот комитет на политбирото на владејачката Комунистичка партија во четвртокот навечер.