Шампионско место на македонскиот е-спорт тим во „League of Legends“ и вицешампионско во „Counter Strike: Global Offensive“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонската е-спорт екипа освои шампионско место во „League of Legends” и вице шампионско место во „Counter Strike: Global Offensive” во европскиот куп на Нации во еспорт „StayHome European Nations Cup”.

Како што соопштија од македонската е-спорт екипа, во играта „ProEvolution Soccer 2020″ се пласирале до четврт финалето. На квалификациите за купот на Нации пријавени биле 130 тимови и 40 поединци.

Посочуваат дека дванаесет членки на Европската Федерација го организирале овој куп на Нации за да ја подигнат свеста кај младите во Европа за опасноста од Ковид 19 и да порачаат дека е добро да се остане што е можно повеќе во карантин за да се спречи ширењето на вирусот.

Купот се одржа во три наслови „League of Legends”, „Counter Strike: Global Offensive” и „ProEvolution Soccer 2020″.