Шампионот Саган исфрлен од Тур де Франс поради неспортски потег кон Кевендиш (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актуелниот светски првак во велосипедизам, Петер Саган е дисквалификуван од Тур де Франс, поради неспортскиот потег поради што тежок пад доживеа Марк Кевендиш.

Во финишот на четвртата етапа, на најпрестижната трка во светот на велосипедизмот, Саган со лактот го турна Британецот кој заврши на бетонот и го повреди рамото. Откако тој падна, на наго налетаа двајца возачи. Според Кевендиш, повредата не изгледа добро.

Неколку часа подоцна организаторот на Тур де Франс реши да го дисквалификува Саган од трката.

Инаку, четвртата етапа во должина од 207,5 километри се возеше од Мондорф де Баин до Ветел, а победи Арно Демар.

Во вкупниот пласман води Герант Томас кој има 12 секунди предност во однос на клупскиот колега Крис Фрум.