Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нижни Новоград не памети ваков бран на навивачи…
Светското првенство се уште е во првата фаза, а денес добивме шампиони во еден друг сегемент и тоа се – Швеѓаните!
Швеѓаните на отварањето на денешниот мундијалски ден ја совладаа Јужна Кореја со 1:0, а ова беше прва победа за оваа селекција на светските првенства после 60 години.
Поради оваа победа Швеѓаните во овој град испија буквално – СЕ!
Не паметиме кога се случило вакво нешто, но информациите говорат дека во самиот град не се најдобри спремни да бидат град домаќин на Светското првенство.
Повеќе од 7.000 навивачи на Шведска пристигнаа во Русија. Вистински хаос настанал после влегувањето на стадионот кога навивачите кои се забавуваа останале без пиво.
Зачудувачки звучи податокот дека после победата никаде во центарот на овој град не можете да купите пиво, а од локалната власт се бранат со објаснување дека никогаш претходно не организирале нешто слично.