Home Спорт Шампион и надвор од теренот: Меси ќе донира 2,6 милиони за болни деца!

Шампион и надвор од теренот: Меси ќе донира 2,6 милиони за болни деца!

Добротворната фондација на Лионел Меси и Фондацијата „СНФ“ собраа 2,6 милиони евра за изградба на детски онколошки центар во Барселона, соопштија каталонските медиуми.

Со тие 2,6 милиони, собрана е целата сума од 30 милиони евра потребна за изградба на клиниката.

Меси самиот учествуваше на церемонијата за почеток на изградбата.

Се очекува центарот да почне да работи во втората половина на 2020 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…