„Шамар за некогашната Прва дама“: Ким Кардашијан како Џеки Кенеди


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ким Кардашијан на Инстаграм гордо се пофали со новите фотографии, направени за американскиот магазин „Interview“, на кои таа позираше во улога на поранешната прва дама на САД, Џеки Кенеди.

„Американската прва дама Ким Кардашијан и нејзината ќерка Норт Вест“, се зборови кои списанието „Interview“ ги опиша статиите и фотографиите на Стивен Клајн каде Ким е облечена во ретро костум и носи ракавици и големи сончеви очила.

„Кога Ким и јас работиме заедно бараме друг пристап. Немаме желба да го повторуваме тоа што претходно веќе сме го изработиле, а сега сакав да ја покажам женската убавина како израз на зајакнување и самодоверба“, објасни Стивен Клајн.

„Можете за мене да речете што сакате, но напорно работам. Не пеам, не танцувам, не глумам, но не сум мрзлива“, рече Ким во интервјуто.

Сепак, на социјалните мрежи наиде на неодобрување. Голем број корисници на Твитер беа згрозени со овој едиториум каде Ким се идентификуваше со првата дама на САД.

„Ова е навреда“, „Без вкус. Точка“ и „Шлаканица во лице на првите дами“, само се некои од коментарите.