Шакира на сурфање во Шпанија со непознат згоден дечко


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славната пејачка Шакира, насмеана и расположена, уживаше на сурфање во Шпанија со синот Милан и згодниот пријател, по шокантното раскинување со фудбалерот на Барселона Жерар Пике по 11 години врска, пишува Дејли Мејл.

Колумбиската пејачка ја покажа својата неверојатна фигура во црно-црвен костум за нуркање, а додека времето го поминуваше во вода без шминка, нејзината природна убавина дојде до израз.

Неколку недели пред да сурфаат со згодниот млад човек, Шакира и нејзиниот поранешен партнер објавија заедничка изјава во која рекоа дека „со жалење потврдат дека се разделуваат“.

– Во овој момент бараме приватност за доброто на нашите деца кои се наш најголем приоритет. Однапред ви благодариме за разбирањето и почитта – нагласија тие.