Шаима Ахмед осудена на две години затвор!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шаима Ахмет, позната како Шима го „запали“ интернетот, но и полицијата ја дигна на нозе. Популарната пејачка минатиот месец беше уапсена поради спотот кој поттикнува на разврат, а сега стигна и судскиот епилог.

Судот во Египет ја осуди 25 годишната пејачка на две години затвор. Иста казна го снајде и режисерот на провокативниот спот чија идеја била Шима во спотот заводливо да јаде банана во долна облека, а та ги разбесни египетските власти.

Откако во Египет се дигна „прашина“ поради оваа пејачка, таа излезе со изјава „Немав намера никого да навредам. Се извинувам“.

Ова не е прв за вакво сценарио во Египет. Пред пејачката, на казна затвор од шест месеци се осудени три танчерки бидејќи нивниот танц во спотот бил многу провокативен.