Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Австралиска студентка која се претставува едноставно како Саманта, тврди дека своите студии и раскошниот животи си ги финансира исклучиво како спонзоруша која три пати месечно спие со директорот на една технолошка компанија.
За себе вели дека е многу сексуална личност, а според нејзината приказна, после вечерата со „спонзорот“ редовно завршуваат кај него дома. Поради тоа таа, последниве две години, не мора да плаќа кирија (која чини 300 австралиски долари неделно), а добила и нов автомобил, лаптоп и десетици скапи книги. Погодувате, сето тоа финансирано од „спонзорот“.
„Јас сум многу сексуална личност, па преземањето на контролата над мојата сексуалност и истражувањето на нејзините различни аспекти, додека истовремено заработувам, беше доста привлечно“, вели таа за news.com.au.
Како и многу други спонзоруши, и таа својот си го најде на интернет страната Seeking Arrangement, на која се логирала пред три години. Моментално има двајца „спонзори“, со едниот се гледа веќе три години, а со другиот последниве пет месеци. Како што вели, она што го научила е дека богатите мажи не сакаат само да платат за дружење.
„Сфатив дека богаташите стануваат многу чудни кога треба да платат. Многу мажи од страницата се грижливи, голем број од нив сакаат да бидат ментори, сакаат практични девојки на кои ќе им помогнат со студирањето“, вели Саманта.
И таа сака да биде практична, па не прифаќа подароци како скапи брендирани торби и чевли. Неодамна положи за возачка дозвола, а еден од спонзорите веднаш ѝ помогнал при купувањето нов автомобил.
Дружењето со „спонзорите“ вклучува вечера, разговори за приватниот живот и приватни посети на становите од мажите кои плаќаат за тоа каде најчесто имаат интимни односи. Единствено правило до кое се држи Саманта е дека мажите со кои излегува не смеат да бидат женети.
Секоја година околу 125.000 девојки само од Австралија се пријавуваат на страниците за барање „спонзори“ со цел да ги отплатат студентските кредити и трошоците за живот.
„Спонзорушите од Австралија добиваат во просек околу 2.800 долари месечно, што е двојно повеќе од заработката која би ја имале со половина работно време“, вели портпаролот на споменатата интернет страна за поврзување на спонзоруши и спонзори.