Северодоњецк патно отцепен од остатокот на Украина – битката ќе биде „една од најбруталните кои Европа некогаш ги видела“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


И третиот, последен мост кој го украинскиот град Северодоњецк го поврзува со остатокот од Украина беше срушен од страна на руските воени сили, со што се прекинати патиштата за евакуација на граѓаните.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски битката која се води во градот ќе биде запаметена „како една од најбруталните кои Европа некогаш ги видела“. Аналитичарите сметаат дека од битката ќе зависи судбината на регионот Донбас, пишува Нова.

Додека украинските сили вчера објавија дека биле истиснати од центарот на градот, Ројтерс објави дека руските трупи „се обидуваат да се зацврстат во централниот дел на градот“.

– Ситуацијата во Северодонецк е крајно отежната – Русите уништуваат високи згради и (фабриката) Азот – рече Сергеј Гајдај, гувернер на областа Луганск, во објава на Телеграм.

Ден претходно Гајдај рече дека стотици цивили се засолнети во теренот на хемиската фабрика „Азот“, која беше гранатирана од руските сили. Украина упатува сè поитни повици за повеќе западно тешко вооружување за да помогне во одбраната на Северодоњецк.