Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун бил информиран од високи воени лица за планот за ракетен напад во регионот на островот Гуам, американска територија во Тихиот Океан, пренесува АлсатМ.
Ким детално разговарал за планот со високи воени претставници за време на вчерашната посета на командниот центар на стратешките ракетни сили.
Тој изјави дека одредено време ќе ги набљудува дејствијата на САД, пред да донесе одлука.
– САД, кои први распоредија до нас голема количина стратешки нуклеарни сили, први треба да донесат одлука и да покажат со дела дали сакаат да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров и да се спречи опасен воен судир, јавија севернокорејскиот медиуми.
Ким и наредил на армијата да биде во постојана готовност за напад, доколку тој донесе таква одлука.